речник контакт

76 паралелки во велешко со ученици под минимумот

Предимензиониран ли е бројот на просветни работници според бројот на ученици во велешко

Петар Печков

Неодамна Советот на Општина Велес, донесе одлука со која дури 76 паралелки од основните и средни училишта можат да работа во  претстојната учебна 2016/17 година,  со ученици под  законскиот минимум. Во толку одделенија, ќе има ученици  помалку од  24, колку  што е законски  пропишаната бројка.   Најголемиот дел  од овие 76 се во основното образование и тоа 66 додека 10 се во  средното.

Дури 52 се во ОУ Васил Главинов, од кои 20 се во подрачните  во Сливник, Раштани, Бузалково и Клуковец.   Со проблем на помал  број ученици не се судруваат ОУ Блаже Конески и ОУ Св. Кирил и Методиј а од  средините Гимназијата Кочо Рацин.    

Според градоначалникот на Општина Велес  ова е поради празниот  од на  учениците кои завршиле  деветолетка и затоа е намален бројот на ученици во прва година.   На прашањето зошто тогаш има помал број ученици и во повисоките одделенија и класови не само во прво одделение и прва година,  Чадиев дополни.  

Три четири години наназад имаме помал број  родени деца, некои се отселуваат со нивните родители во странство.  И додека во училиштата се намалува бројката на ученици, во градинките се чека на ред за упис – изјави Чадиев.  

Прашан дали во  прашање е можеби предимензиониран број на просветни работници, за бројот на ученици,  или има ли поголем број на одделенија од потребните,  градоначалникот објасни дека   постои критериуми  по кои тие работат. 

Имаме стандарди, имаме доволен број на часови. Фондот на часови го  одредува  бројот на наставнички места. Имаме анализа со надлежниот  просветен општински инспектор за тоа колку просветен кадар каде  е потребен во општината, каде и на кое место – објасни  градоначалникот  Чадиев.    

На први септември започна  учебната година за седум и пол илјади ученици во основното и средно образование во велешко. На првиот учебен ден  во клупите седнаа околу 580 првачиња. За илустрација лани и преклани бројката беше околу 600.

Во  прва година во средно  седнаа само 432 средношколци. За споредба во прва година средно   лани имаше  671 ученик. Или во 2010-та во Велес  тогаш се запишале 740  средношколци, што ќе рече од година во година, бројката постојано  се намалува.  

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »