Петар Печков
Објавено: недела, 07 април 2013
Германските продирања на територијата на Македонија биле проследени со силни воздушни напади. Уште на 6 април 1941 година, Велес 13 пати бил надлетуван од германски авиони. Страв и паника се населиле во градот чии куќи биле изградени од плитар. Којник, Бузаана, Мегдан, Сармаале, Варналиите, железницата, мостот, центарот, ги потресле силни детонации веќе на 7 април утрото, кога бројни авиони, ексадрили германски авиони поголемиот дел од стариот Велес го срамниле со земја.
Бомбардирањето започна во 7 часот наутро. Уште поспани, не разбуди злокобниот звук. Штуките надлетуваа а ние бегавме. Живевевме на Мегдан и спас баравеме преку Вршник. Таму се креивме. Многу народ загина, цели семејства за жал. Бевме деца, мајките не носеа в раце, се бараше спас за жива глава, некои не го најдоа - вели жителка на Велес, која со семејството заминала во селото Ораовец.
Иако бомбите паѓале околу мостовите, ниту еден не бил разрушен. Најмногу население настрадало околу Којник и Мегдан. Имало многу жртви и рушевини. Цели семејства го завршиле својот животен пат во тоа априлско утро. Според одредени пишани документи Велес тој ден ималo до 50 жртви, што за жал никаде не е заведено во историските документи, ниту пак има обележје за овие цивилни жртви на Втората Светска војна. За рaзлика од жртвите во Штип, Скопје... Следниот ден 8-ми април Велес веќе бил освоен од германските единици.
Официјалната бројка на настрадани граѓани во велешко е 208, колку што се води во Спомен костурницата, каде тие имаат обележје. Таму ги нема жртвите од бомбардирањето.
Tweet |