речник контакт

7-ми мај ден на Полицијата

Откривачката дејност во делот на криминалитетот, на СВР Велес во измината 2011 година изнесува 57% , наспроти европските полиции каде е 25%-30%

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес денес го одбележа Денот на македонската полиција- 7ми Мај .

 

Свеченоста ја отвори Началникот на Секторот Петре Игнов, кој во своето обраќање најпрво ги поздрави присутните а потоа и даде краток осврт на постигнатите резултати во изминатата 2011 година.

Имено, истиот се задржа на безбедносната состојба на територијата која ја покрива Секторот за внатрешни работи Велес, односно, ги истакна постигнатите резултати кои Секторот ги има на полето на откривачката дејност во делот на криминалитетот, кој во измината 2011 година изнесува 57% , на што секако би можеле да завидат и дел од европските полиции каде откривачката дејност на полето на криминалитетот изнесува од 25%-30% .

Исто така, беше истакната состојбата со јавниот ред и мир, односно стабилноста која успеавме да ја воспоставиме и одржиме, иако во изминатата година не бевме потполно екипирани и работевме со редуцирани материјално-технички средства. Во делот на безбедноста на сообраќајот на патиштата, од страна на Началникот на секторот беше истакнато дека иако во изминатата година според евиденциите кои се водат во Секторот има евидентирано околу 2000 новорегистрирани моторни возила, полициските службеници успешно ја завршија својата задача и во градот имавме релативно добри услови за сообраќај на патиштата и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Беше спомената и работата на Отсекот за превенција при Секторот, кој секојдневно преку трибини, советодавни групи на граѓани, состаноци и разни форми дејствуваше во делот на едукација на населението за превенирање од различни видови кривични дела како „Превенција од кражби на метал“ , „Превенција од тешки кражби“ , „Заштита на стари лица од џепни кражби, измами, тешки кражби“ и други проекти. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »