речник контакт

80 години од штрајкот на велешките гимназијалци, против користењето на бугарскиот јазик во наставата (видео)

Седочење на д-р Никола Стојанов жив сведок и организатор на штрајкот

Петар Печков

Велешани се потсетија на штрајкот на нивните млади сограѓани од пред 80 години, кога тогашните гимназијалци се спротивставиле на користењето на Бугарскиот јазик во наставата. Во дворот на Гимназијата Кочо Рацин во Велес,  се одржа чествување а сегашни ученици на овој настан ги потсети д-р Никола Стојанов, жив сведок на протестите и еден од организаторите.

 „Имаше професори кои ни предаваа на бугарски јазик а ние одговаравме на македонски. Тоа на некои од нив не им се бендиса и тие се бунеа, но ние не отстапувавме. Поради тоа наставничкиот совет  решил да не исклучат од настава, но од сите образовни институции на Бугарското царство.  Велешани на поддржаа. Направивме протест пред општината вечерта, освен нас гимназијалците, се собраа многу граѓани. Дојде полиција и војската да не растеруваат. Имаа бајонети на пушките. Еден дури ми се закани, „бегајте момчета ќе ве утепаме“ ни рече“ - се присети Стојанов кој денес има 99 години и беше првиот претседавач на повеќе партискиот парламент на Република Македонија.  

По три дена штрајкот прекинал а учениците наместо да бидат избркани, добиле укор. Стојанов додаде дека и денес е присутна негацијата на македонскиот јазик.

„И ден денес тие тревоги за јазикот продолжуваат. Наше е да останеме на своето, тоа е наш македонски јазик, но за жал некои соседи тоа и по толку време не го разбираат“ - дополни Стојанов.    

Организатори на одлуката да не го користат бугарскиот јазик и на штрајкот на гимназијалците  од 14 март 1942  биле гимназијалците  Благој Кирков, Никола Стојанов, Орце Иванов, Благој Јанушев и Анче Андреев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »