речник контакт

80 години од Ловечката федерација се одбележаа во Велес

Имаше изложба на ловечки експонати, изложба на ловечки кучиња, беше населено ловишите со стотина фазани

Петар Печков

Јубилејот 80 години од Ловечката федерација на Македонија се одбележа во Велес, во велешки театар. Во фоајето беа изложени ловечки трофеи од различни животни и прелетен дивеч, дозволени за отстрел. Бројните посетители имаа можност да видат примероци од волци, лисици, елен лопатар, срндаци, лисици, диви мачки, мечки, верверици, јазвоец, диви свињи, дивокози, муфлони. Сите тие ги красат домовите на ловџиите кои ги уловиле со дозвола за отстрел.  

„Јавноста треба да ја потсетиме дека ние ловџиите сме тие кои помагаме на животните во зима да преживеат ги прехрануваме, лето им оставаме вода за пиење, да ја совладат жедта на високите температури. Ловџиите не постојат 80 години, тие постојат уште со почетокот на човештвото, со ловење се прехранувало. На Второто заседание на АСНОМ 1945 година е донесена првата уредба за ловство. Осум месеци подоцна на 18 април 1946  е формирана Ловечката федерација, како Сојуз на ловечки друштва“ – кажа претседателот Влатко  Алексовски.  Тој потенцираше дека со 25 илјади членови, таа е набројното граѓанско здружение во земјава. 

На прославата присуствуваше и Митрополитот на Кумановско – осоговска Епархија Владиката Григориј, како и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој бил ловџија со долгогодишен стаж. Гости беа и претставници на ловечките сојузи од Албанија, Бугарија, Србија и Косово.  Од годинава во Македонија постои  женски здружение на ловџијки.

„Не има официјлано во здружението 20-30 членки. Штом можат мажите можеме и ние, така што го формиравме здружението.  Не поврзува љубовта кон природата, таму наоѓаме мир, тишнина,  имаме пушки како и сите ловци“ – вели кумановката Тања Илиевска претседател на женското здружение.

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски кажа дека се решава проблемот со нерешениот статус на дел од ловиштата во Македонија.

„Работиме на долгогодишниот проблем во ловството, на  решавање на недефинираното управување со дел од ловиштата.  Од вкупно 268 ловишта, во постапка за доделување остануваат уште 21. Со тоа ќе се заокружи системот и ќе се знае за секое ловиште кој го користи и одговорен за негово одржување. Со тоа ќе се заштити дивечот на тоа подрачје од нелегален улов“ – порача Серафимовски. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека се извршени одредени промени во законската регулатива, со што им се олеснило на ловџиите.

„Констатиравме дека пет илјади граѓани ги исполнувале услвоите за дозвола за лов, а дозвола не добиле, ама затоа добиле лица кои не смееле да имаат оружје во рака. Ја укинавме обврската за претходно одобрение за  купување муниција сега ловецот оди во продавница и купува како во секоја Европска држава. Купопродажбата се  следи преку Централниот електронски систем. Со новиот Закон за оружје, со проширено корисничко право со што  татко и син или двајца браќа поелсно го користат истото оружје. Се продолжи рокот за наследување на оружјето, оти по смртта на  близок, последно нешто на кое се мисли е оружјето и неговото наследување“ – рече Тошковски.  

Ловџиите од Македонија нивниот јубилеј 80 години го одбележаа на 3-ти октомври  во православието Св. Евстатиј, кој бил светец заштитник на ловџите и шумарите.  Беа пуштени и населени стотини фазани во ловиштата на ЛД Руен од Велес, домаќин на јубилјната прослава. 

Ловот во велешко носи силен економски бенефит за локалната економија, оти туристите со најдолг престој во градот со по 3-4 дена се гостите од Грција, Италија и Шпанија, кои се всушност ловци. Така е десетина години по ред, откако големата светска фудбалска ѕвезда Едисон  Кавани, за Велигден 2016 година како член на  фудбалскиог гигант  ПСЖ престојуваше во мај неколку дена во Велес. Подоцна се дозна дека тој бил во лов, по што овој дел од Македонија стана атрактивен за странските ловци.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »