Петар Печков
Објавено: сабота, 11 март 2023
Единаесетти март е денот на депортацијата на Евреите од Македонија, во која настрадала и малата еврејска заедница која живеела во Велес. Скромната документација што постои за овој настан не е согласна за тоа колкумина се жртви на антисемитското законодавство кое фашистичка Германија го вовела а на територијата на Македонија го спровела окупаторска кралска Бугарија.
Според едни еврејски документи во Велес живееле две семејства со осум члена, додека според списокот на депортирани се четири лица од семејството Ково, Аврам Исак (42 год) и сопружниците Аврам Илија (39 год) сопругата Буна Илија ( 31 год) и ќерката Солча Илија (5 год).
Тие како и 7,7 илјади депортирани македонски евреи трагично го загубиле животот во Треблинка Полска или дел од севкупно 6,5 милиони евреи кои настрадале во II Светска војна.
„Во Велес во времето на Втората Светска војна живееле две семејства. Првото е семејството Бити кое биле аптекари и семејството Кова. Ова било депортирано во логорот Треблинка од каде не се вратиле живи. Бити бидејќи биле потребни како аптекари и лекари, иако биле уапсени биле вратени во Велес. По депортацијата во Велес била донесена и докторка од Белград, тоа е Јела Ишах Хидвеги. Докторката се враќа и Белград и живееше се до 2000-та до кога имаме податоци за неа. За семејството Бити знаеме дека се преселило во Израел во 1948-та и повеќе немаме податоци за нив“ - кажа за ТрМр Горан Садикарио директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во 2013 година.
За жал во Велес не може достојно да се одбележи денот на депортацијата на македонските евреи, бидејќи не постои спомен обележје, кое нивните сограѓани ќе ги потсетува на семејството Кова или колку што евреи живееле некогаш живееле во градот а трагично го завршиле животот во германските конц-логори.
Во овој погром згаснаа животите на 7.144 деца, жени и мажи Евреи,родум од Вардарска Македонија.За потсетување дека на први март 1041 година во дворецот „Белведере“ во Виена, во свечена атмосфера во 13 часот и 35 минути, бугарскиот премиер Богдан Филов, го потпишал протоколот за пристапување на Бугарија кон Тројниот пакт на Германија, Италија и Јапонија.
Tweet |