Петар Печков
Објавено: недела, 07 мај 2017
8-ми мај ден на Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележа во Велес, напладне. Со промотивен настан, на платото пред театар, се информираше населението за активностите кои ги спроведува Општинската организација на Црвен крст Велес. На светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина оваа година тие го прославија силата и достигнувањата на оваа светска мрежа, придонесот на вработените и околу 17 милиони волонтери преку мотото „Насекаде за секого“ .
Делувањето на Црвениот крст е на повеќе полиња, со широк спектар на активности. Тоа се здравствено превентивната, хуманитарната дејност, при одговор на катастрофи, работа со млади волонтери. Македонскиот Црвен крст полага на културата на дијалог и промоцијата на хумани вредности. Ги привлекуваме младите луѓе со нивна ангажираност да придонесуваат за доброто на заедницата каде живеат. Се сеќавате дека Црвениот крст несебично и активно помагаше при ланските поплави во скопско и тетовски. Помагаше и при прифаќањето и даваше помош во бегалската криза – рече Ангел Киров десеминатор на по меѓународно хуманитарно право при ОО на Црвен крст Велес.
Овој ден 8-ми мај е ден кога е роден Швајцарецот Анри Динан, основачот на Црвениот Крст. Оваа година кампањата има за цел да го прошири разбирањето на јавноста за работата на Црвениот крст и Црвената полумесечина преку различен опсег на работи ширум светот.
Оваа година по повод 8 мај - Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина Црвениот крст на Република Македонија со Општинските организации на Црвен крст се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Во рамките на локалната активност се организираше акција на мерење на шеќер во крвта, мерење на притисок и се делеа лекарски совети.
Денешната акција има за цел да извршиме превентивно одредување на шеќерот во крвта и превентивно мерење на притисокот кај граѓаните. Имаме голем одѕив, што е добро, оти добар дел од нив долго време немаат проверено шеќер кај матичните лекари. Најдовме доста пациенти со покачени вредности на шеќерот кои во иднина треба да ги испитуваме. На жал, кај нас во Македонија, луѓето немаат развиено здравствена култура за месечно да одат кај матичните и ја испитуваат здравствената состојба. Сакаме да го поттикнеме населението редовно да ги контролира овие параметри и да се грижи за своето здравје - изјави д-р Атанас Ѓоргиевски.
Tweet |