Петар Печков
Објавено: вторник, 12 ноември 2024
Изминатиот викенд се одржа традиционалното искачување на врвот Солунска глава. Над 140 учесника учествуваа на настанот. Освен од Македонија учесници имало и од Бугарија и од Србија, така што тоа бил меѓународен, соопшти организаторот.
Поаѓањето беше од Орешкиот манастир а на врвот се искачиле 65 планинари. Најмлад меѓу нив бил Томи Димовски со 15 години. Вкупна должина на патеката е 26 км. Висинска разлика 1.440 м, средно тешка до тешка, исклучително атрактивна и визуелно податлива.
„Искачувањето беше по повод 80 години од ослободувањето на Велес од спрегите на фашизмот, ЕГ „Грин Пауер„ и Алпинистички клуб „Велесин“ организираа традиционално есенско кружно искачување на Солунска Глава, висока 2540 м.н.в. Тоа е највисокиот врв на Јакупица која е дел од петте планини кои го сочинуваат најголемиот плаински масив во Македонија Мокра“ соопштија од алпинистичкиот клуб „Велесин“.
Искачувањето на Солунска Глава започнало од конаците на Орешки Манастир „Св. Ѓорѓи“ 1.100 м.н.в. а симнувањето е преку Планинарски дом Чеплес до село Папрадиште. Почетна точка Манастир Свети Ѓорѓи, па продолжува преку Куртовица 1.7000, Горна Бабина Дупка 2.100 , врв Солунска Глава, на враќање Долна Бабина Дупка 1.680 дом Чеплес 1.430, Папрадиште 1.000 метри.
Tweet |