речник контакт

90 отсто од велешани се регистрирале за е-персонален данок

Во Велес регистрацијата мина без редици и чекање.Во Општините Чашка и Градско 100 од обврзниците поднеле регистарски документ

Петар Печков

Уште утре понеделник до 16 ч. во велешки УЈП даночните обврзници можат да се регистрираат  на системот  е-Персонален данок. Досега оваа обврска мина во Велес без гужви и редици, што се должи на добрата организација.  

Регистрацијата мина без редици и чекања, бидејќи работеа дури пет канцеларии а вработените им помагаа на граѓаните да ги потполнат документите и се регистрираат. Повеќе од 90 отсто од проценетите даночни обврзници ги поднесоа нивните документи. Во Општините Градско и Чашка тоа е 100. Таму добивме помош од градоначалниците кои ни отстапија простории и вработен кој го обучивме за да може да се заврши успешно оваа обврска, се со цел грашатнеи да не доаѓаат до Велес и не се создаваат редици, во што успеавме - рече  Борис  Леов раководител на УЈП Велес. 

За тие што се уште не ја завршиле обврската за е-регистрација, останува уште понеделник до 16ч.      

Обврска за регистрација во системот има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ -плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство, субвенции и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход,.

Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на искажаните од исплатувачите, а со цел да се спречи евентуална злоупотреба во врска со нивните лични податоци и примања.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »