речник контакт

94 крвни единици за почеток на годинава

Голем интерес, повеќето млади, дел не можеа да чекаат па си заминаа

Петар Печков

Првата годинешна крводарителка акција во Велес успешна. 94 лица ја подадоа раката за да даруваат крв.

Повеќето од дарителите млади  а дел од заинтересираните, мораа да си заминат да не чекаат во редица, по 60-тина минути.  

Оваа акција е организирана по барање на Клиниките во Скопје, кои во овој период, јануари,  се судруваат со недостаток на крв.  Да бидеме искрени, одделението за трансфузиона медицина не очекуваа ваков интерес, па дојдоа со четири  лежалки и еден доктор, па се создаде гужва. нас  како организатори ова не ние пријатно,луѓето а чекаат во редица. Присуството на бројни млади се должи на долгата и богата крводарителска акција. Многу полесно млад човек се одлучува да дарува крв, кога неговите родители тоа го прават. Потоа имаме бројни крводарителски акции за матурантите во средните училишта, што влијае тие да се одлучат да бидат крводарители      - изјави Миле Маџаров претседател на Општинската организација на Црвениот крст.  

Колкав беше интересот зборува и тоа што наместо во 14 часот, акцијата заврши во 15,30ч. Организатор беше Општинскиот Црвен крст со Институтот за трансфузиона медицина. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »