речник контакт

Aкциска контрола на возачи во Велес, колку се почитуваат сообраќајните правила и прописи

Констатиран е 51 прекршок

Петар Печков

Денеска, четврток 28 септември, во периодот четири часа, од 9.00 до 13.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровеле  акциска контрола на територијата на град Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„При контролата санкционирани се 51 возач, од кои 13 за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на мотоцикл без заштитен шлем, четири за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“ - соопштија од МВР.

Од МВР најавија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Тие апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

 фото МВР

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »