Петар Печков
Објавено: вторник, 05 декември 2023
Во четвртокот 30 ноември се одржa „99 Мегастарс“ во СЦ „Јане Сандански“ каде воедно се одржа и извлекувањето од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ и беше преставена новата визија на Државна лотарија.
Новиот симбол на Државна лотарија е калинка, која на овие простори е традиционален симбол за среќа и благодат; тоа е плод којшто асоцира на радост, свежина, надеж, а ако се погледне поинаку − топче е со круна. Недвојбено, ова е вистинскиот симбол којшто ја одразува и дејноста на компанијата и нејзината нова стратегија којашто ќе донесе уште повеќе благодат за сите бидејќи СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!
Извлекувањето на наградите се одвиваше во 4 блокови меѓу музичките настапи со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници во присуство на четворочлена комисија се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro, 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил BMW.
Пријатно изненадување беше големиот интерес за регистрации − од сите краишта на земјата коишто за жал заради оддалеченоста не беа во можност да присуствуваат на концертот, а што се отслика во нецелосно исполнетата сала.
Од друга страна, добивме извонредно богата шаренолика слика на добитници од: Демир Хисар, Штип, Тетово, Кочани, Гостивар, Берово, Куманово, Новаци, Македонски Брод, Старо Нагоричане, Кривогаштани, Битола и од скопските општини Илинден, Центар, Бутел, Кисела вода и Гази Баба.
Добитникот на премијата автомобил BMW, го контактиравме телефонски од сцена и можевме да ја слушнеме неговата збунетост и неверување, а добитникот беше Дејан Блажевски од Кисела Вода.
Моментот на објавување на новата визија со новите лого и слоган беше симболички проследен со црвени балони што паѓаа „од небо“ и се разлетаа насекаде, по што Државна лотарија ја потврди својата мисија за општествена одговорност со донација на Црвен крст од 1 000 000 денари за помош на социјално загрозените лица од трето доба, и донација од 2 500 000 денари за Клиниката Козле за помош во справувањето со сè почестите заболувања кај децата во зимскиот период. Претставници на Црвен крст и на Клиниката Козле потврдија дека ова не е прва, но е досега најголема еднократна донација, изразувајќи благодарност за отвореноста на Компанијата за поддршка, како соработник и пријател.
Во улога на водители на настанот присутните ги видоа: Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а настапија: Искра Трпева, Peace Brothers, Куку Леле, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Теа Трајковска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…
ПР текст
Tweet |