Петар Печков
Објавено: петок, 03 февруари 2023
Во два одвоени случаи, велешката полиција уапсила две лица, за кои постои сомнение дека извршиле кражба.
„На 2 февруари во 13.45 часот во СВР Велес било пријавено од зграда на ул.„Вардарска“ биле одземени повеќе предмети. Полициски службеници излегле на местото и набргу, по преземени мерки, бил пронајден сторителот Р.А.(51 год) од Велес“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на ВР Велес..
Кај Р.А. биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
„На 2 февруари во 11 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31 год ) од Велес. Тој се сомничи дека околу 10 часот од продажен објект во Велес одзел повеќе предмети“- информираше Самарџиев.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.
Tweet |