речник контакт

Bо подземни садови ќе се собира сметот во централно градско подрачје

За да исчезне расфрланото ѓубре околу контејнерите, непријатната миризба која се шири од него, развлекувањето храна од страна на кучињата и мачките, на почетокот од следната година ќе бидат поставени 20 подземни контејнери

Петар Печков

Советот на Општина Велс на 23-тата седница едногласно донесе одлука да се постават 20 контејнери на јавните површини во градот.  Тие нема да го нарушуваат еко системот во околината. Од локалната власт најавија дека за нивна набавка се предвидени средства со Буџетот за следната година и на почетокот од годината ќе бидат поставени.

На овој начин ќе исчезне расфрланото ѓубре околу контејнерите, непријатната миризба која се шири од него, развлекувањето храна од страна на кучињата и мачките, палењето и кршењето на кантите за смет. Тоа  може да биде решено со поставување на подземни контејнери. Поставувањето на подземните садови за отпад е на површина која претставува градежно изградено земјиште и уредено земјиште без притоа да се наруши основната намена на просторот.  Локациите за поставување на подземни садови се утврдени врз основа на Регистер на локации со поставени садови за отпад на јавни површини на територија на Општина Велес - пишува во образложението на одлуката. 

Садот за отпад е стационарен контејнер – подземен систем со сад за прифаќање на отпадот со волумен од 3м3, вкопан во земја, а околу 1/3 од контејнерот е над земја подземна и надземна  единица, непропустен за продирање на атмосферска вода и истекување на исцедок во околината. Контејнерот е составен од резервоар, куќиште, поклопец, ножен систем за отворање, вреќа за собирање на отпадот од водонепропусен и незапалив полиестер. 

Подземни садови за смет ќе бидат поставени на следните локации:

1.На ул. „Благој Ѓорев”, во близина на театар ЈХК Џинот - 2 подземни садови

2. На ул. „Благој Ѓорев”, спроти Офицерски дом - 2 подземни садови

3. На ул. „8 ми Септември”, пред зградата на Синдикат - 2 подземни садови

4. На ул. „Илинденска”, до трговскиот центар Ве мол - 2 подземни садови

5. На почетокот на ул. „Оливер Китановски”- 2 подземни садови

6. На ул. „Методија Андонов Ченто” пред пешачко мовче Битолска пруга - 2 подземни садови

7. На ул. „Алексо Демниевски Бауман” пред зелената површина - 2 подземни садови

8. На ул. „Алексо Демниевски Бауман” простор пред Кула под Пошта - еден подземен сад

9. На ул. „8ми Септември” на простор помеѓу Централен регистер и Основен суд -2 подземни садови;

10. На ул. „Гоце Делчев” со спој на ул. „Страшо Пинџур“ - еден подземен сад

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »