речник контакт

Cлика од музеј го одвела до мајка му

Американецот Дејвид Гуд ја пронашол својата мајка во џунгла во Амазонија откако ја видел нејзината фотографија на изложба

Петар Печков

Гуд е едно од трите деца на Џарими, припадничка на венецуелското племе Јаномами, и на Кенет Гуд, професор по антропологија од Америка. Неговиот татко првпат се запознал со племето пред повеќе од 30 години, но ги посетувал толку често што почнале да го сметаат на нивни член. Тогаш му ја понудиле Џарими за жена и ги венчале. Кога се вратил во Америка, Кенет со себе ја зел и Џарими, која многу тешко ја прифатила промената. Таа дотогаш немала никаква врска со техниката, била целосно збунета, уплашена и уверена дека автомобилите се бесни животни.

Во 1991 г. склучиле договор за снимање филм за враќање на целото семејство во Венецуела, вклучувајќи го и Дејвид, неговата помала сестра Венеса и помладиот брат Даниел. Додека престојувале таму, Џарими донела болна одлука дека веќе никогаш нема да се врати во Америка.

По 19 години, Дејвид го посетил Природонаучниот музеј, каде што видел голема фотографија од мајка си.
- Се заледив кога ја видов. Како да истече целата крв од мене - изјавил Дејвид.

По бурниот период на адолесценцијата, тој бил подготвен да ја слушне и верзија на приказната на неговата мајка. Одлучил да ја побара во Венецуела. Кога ја видел, веднаш ја препознал ѝ и рекол: „Мамо, стигнав дома, долго ми требаше, но успеав“.

Двајцата плачеле. А Дејвид одлучил да остане таму.

- Најсреќен сум кога по напорната работа во бавчата уживам во својата лулашка пред домот - вели тој.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »