речник контакт

Ce coбира габаритен отпад

Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна

Петар Печков

Општина Велес и ЈКП „Дервен“  трета година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започна во понеделникот  на 1-ви Април  и ќе трае до крајот на месец април.

 Доколку граѓаните  имаат потреба за отстранување на габаритен отпад да се  пријават на тел: (043)233-768 во Р.Е Комунална хигиена секој работен ден од понеделник до петок од 07.00 до 14.00 часот и во сабота од 07.00 до 12.00 часот, при што ќе договорат термин кога ЈКП Дервен да прати специјално возило и да го собере отпадот.

 Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.
Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна и претставува одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад, велат од ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »