речник контакт

Co автомобил БМВ излетал од пат во Росоман , скршил бетонски столб и оштетил објект, имал безмалку еден промил алкохол во крвта (фото)

Во автомобилот биле неколку млади лица кои се враќале од свадба и минале со лесни повреди. Ноќеска кај возач од Неготино констарирани 3,40 промили алкохол во крвата

Петар Печков

Саботата наутро во Росоман се случил  сообраќаен инцидент, кој минал со значителна материјална штета. Среќна околност е што нема повредени и жртви. Автомобил излетал од коловозот  удрил во објекти покрај патот, во возилото биле четворица млади. 

„На 25 април  во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 04:30 часот, на улица „Пролетерска“ во Росоман, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(23 год) од Росоман, удрило во бетонски столб и дел од објект. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници кај Д.М. од Росоман, констатирале 0,97 промили алкохол во крвта. “ – соопштија од МВР.

Според жителите на Росоман, во автомобилот биле четворица млади лица кои се враќале од свадба. Тие  се здобиле со лесни повреди. Автомобилот скршил бетонски столб, влегол во дуќан. Медиумите од Тиквешијата информираа дека поради оштетувањето на инфраструктурата, дел од населеното место останало без кабелска телевизија и интернет.

Полицијата информираше и са настан од нешто по полноќ денеска, кога кај возач од Неготино регистрирани се 3,40 пролили алкохолмво крвта.

„На 26 април во 00:40 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го
лишија од слобода Б.К.(30 год) од село Долни Дисан, неготинско. При сообраќајна контрола, на улица „Партизанска“ во Неготино, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.К и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,40 промили алкохол во крвта“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
 
По насоки од јавен обвинител тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
Фото КТВ телевизија

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »