речник контакт

Cpeдата на пладне пожар во Дервенски поток

Како пожарот е опишан од велешката полиција, пожарната и Центарот за управување со кризи

Петар Печков

Вчера на пладне пожар во Дервнски поток. За  деталите од соопштенијата на велешката полиција, пожарната и Центарот за управување со кризи. 

„На 16 септември  во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Т.(59 год) од Велес затоа што во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што настанал пожар кој се проширил на ридот во близина и зафатил сува трева“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпаролка на СВР Велес.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Велешките пожарникари за  настанот известија следно:

„На ден 16 ептември во 11:50 часот, примена е дојава за пожар во куќа на ул. „Вера Циривири“ бр. 169, Велес. Територијална Противпожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 противпожарни возила и 5 пожарникари-спасители. По пристигнувањето на лице место, пожарот од страна на нашите екипи е локализиран и целосно изгаснат“ – информираа ТППЕ Велес. 

Од Центарот за управвуање со кризи две информации за истиот настан.

Вчеравечер: Општина Велес: ул. Вера Циривири бр. 169 – ниска вегетација во дворот на куќата.

Денес наутро: Општина Велес: ул. Вера Циривири бр. 169 – ниска вегетација и ѓубре.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »