Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јули 2019
Нова сообраќајна акција за тоа дали возачите управуваат возило под дејство на алкохол. Акциската контрола е спроведена сабота кон недела, поточно по полноќ, во траење од пет часа.
Недела 7-ми јули од полноќ до 5 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи дали управуваат возилa под дејство на алкохол. Притоа, биле регистрирани 20 прекршоци, од кои во Велес седум, во Кавадарци 11 прекршоци и во Неготино два прекршоци - информираа од СВРВелес.
Во претходната ваква акција од 23 јуни, спроведена на пладне, во Велес беа откриени деветмина возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.
Tweet |