речник контакт

Don’t you FYROM me, bitch!

Значи не можев а да не се изреволтирам од грчкиот цинизам и безобразлук со тоа наше вечно прикачено FYROM, се осеќам како куче на чија опашка лошите деца закачиле лименка со ортомче. Следното писмо треба да се проследи до сите господа во Европскиот парламент.

Зоран Николов

Значи не можев а да не се изреволтирам од грчкиот цинизам и безобразлук со тоа наше вечно прикачено FYROM, се осеќам како куче на чија опашка лошите деца закачиле лименка со ортомче. Следното протестно писмо треба да се проследи до сите господа во Европскиот парламент. Почитувани Господа, Името на државата Македонија се состои од само еден збор –- зборот [b]МАКЕДОНИЈА[/b]!!! Официјалното име на оваа држава е Република Македонија, но работното име на оваа земја е само Македонија. Ве молиме не користете ја референцата “Поранешна Југословенска Република Македонија” бидејќи државата Македонија не е поранешна, туку сè уште постоечка држава со свое сопствено и единствено име – Македонија. Правото на име е основно човеково право на идентитет и легалитет. Ова основно право е генерално и се однесува на сите народи и држави во светот без какви било дискриминации. Државата Македонија беше примена во Обединетите нации со два додатни услова: да биде формално референцирана за сите цели во рамките на Обединетите нации како „Поранешна Југословенска Република Македонија” нерешено прашање поради разликите кои се појавија во однос на името на државата Македонија, и сето тоа поради една земја (Република Грција) и грчкото размислување или фантазирање на „историски ексклузивни права“ за употребата на името Македонија (!?). Со тоа класично се повредени членовите 2 и 4 од Договорот со ОН. Покрај тоа, денес, како и во последните 60 години, Македонија е единствената држава–членка на ОН со привремена референца, а не нејзиното официјално име: Република Македонија. Ова допуштање се коси со Договорот со ОН и сите останати инструменти за човекови права и претставува чиста дискриминација. Исто така мораме да споменеме дека Македонија со останатите држави Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора е подеднаков и законски наследник на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, која повеќе не постои и е основач на Обединетите нации од 24 октомври 1945 год. Имајте го на ум и следното: • одлуката од 1992 на Арбитраторската комисија на Европската заедница за поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (која повеќе не постои); • името на државата Македонија не значи никаков територијални присвојувања од друга земја, вклучувајќи ја Грција чиј северен дел исто така се нарекува Македонија; • дека Грција нема ексклузивно право за употреба на името Македонија поради историски причини, исто така историски Македонија никогаш не била грчка како што Грците никогаш не биле Македонци, бидејќи Грција окупираше 51% од Македонија на 10 август 1913год.; • дека поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија не беше унитарна држава туку федерација, којашто беше составена од шест републики како независни држави. • Членот 83 од Виенската конвенција за претставување на државите во нивните односи со меѓународните организации од универзален карактер од 1975 год. и Декларацијата за основите на меѓународното право од 1970 год. Затоа, ве молиме да го прифатите овој предлог и да не ја користите референцата „Поранешна југословенска република Македонија“ или „FYROM“ бидејќи таа држава не постои повеќе никаде во светот! Покрај тоа, официјален јазик во државата Македонија е јазикот на македонскиот народ, како и на Македонците во сите делови во рамките на етничките граници на Македонија е македонскиот јазик! Ви благодариме! Еве ја и англиската варијанта: Dear Sirs, The name of the state of Macedonia consists just one word - the word MACEDONIA!!! The official name of this state is Republic of Macedonia, but the work name of this state is just Macedonia. Please don’t use the reference “the Former Yugoslav Republic of Macedonia” because the state of Macedonia is not a former state but present and existing state with its own and only name - Macedonia. The right of name is a basic human right of identity and legality. This basic human right is general and relate to all peoples and states in the world without any discriminations. The state of Macedonia was admitted to membership in the United Nations with two additional conditions for admission: being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State of Macedonia just because one state (the Republic of Greece) and Greek’s reflection or imagine of “historical exclusive rights” to the use of the name Macedonia (!?). That constituted a clear violation of articles 2 and 4 of the UN Charter. By the way, at the present moment and the last 60 years Macedonia is the only state in UN membership with provisional reference, rather than its official name: the Republic of Macedonia. This admission goes against the UN Charter and all other human rights instruments, and presents a pure discrimination. We have to mention you, also, that Macedonia with the other states Slovenia, Croatia, Bosnia and Herzegovina, Serbia and Montenegro, as an equal and leg successor of the former Socialist Federative Republic of Yugoslavia, who does not exist anymore, is founder of UN since 24 October 1945. Also, have on your mind: • the decision from 1992 of the European Community Arbitration Commission on the former Socialist Federative Republic of Yugoslavia (which no longer exists); • that the name of the state of Macedonia does not mean any territorial claims of another state, including Greece whose northern province is also called Macedonia; • that Greece does not have not an exclusive right to the use of the name Macedonia for historical reasons, also historically Macedonia has never been Greek and Greeks have never been Macedonians, because Greece occupy the 51% from Macedonia on 10 August 1913; • that the former Socialist Federative Republic of Yugoslavia wasn’t unitary state, but a federation, which consisted from six republics as independent states; • The Article 83 of the Vienna Convention on representation of states in their relations with international organizations of a universal character from 1975; and The Declaration of the Principles for International Law from 1970. So, we please you, to adopt this suggestion and don’t use the reference “The Former Yugoslav Republic of Macedonia”, or “FYROM“ because that state doesn’t exist anymore and anywhere in the world! By the way, an official language in the state of Macedonia, the language of the Macedonian people, i.e. of the Macedonians in all parts of ethno-historical borders of Macedonia worldwide is the Macedonian language! Thank You!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »