речник контакт

Eurovision 2006

Како што претпоставувавме победија Финците.

lj lkjl

Значи што заклучивме, што треба да направиш за да бидеш победник на избор на Евровизија? Сигурно не ти треба добра песна. Да внесеш огромна доза на еротичност во настапот и тоа не мине. Дури да имаш и порно филмче за домашна и поширока употреба е доволно само за влез во финалето (пример Северина). Е сега ќе речете Финциве имаа добра песна затоа победија, беше хард рок и затоа. Е ако е така, зошто лани не победија Норвежаните кои ја имаа можеби и најдобрата песна во последниве неколку години на изборите на Евровизија. Истите што лани викаа неможе да победат Норвежаните на Евровизија, имаат рок песна такво нешто не е за на Евровизија, многу лошо изгледале како сатанисти биле имале црн кармин на уста и слично сега тие исти ја оправдуваат победата на Финците на Евровизија. Браво за Lordi бидејки покажаа колку е мизерен овој избор на Евровизија. Јас сум сигурен дека доколку Lordi испаднеа „нормално“ облечени немаше да бидат ниту меѓу првите неколку. Голем поздрав и до големата четворка (Германија, Велика Британија, Шпанија и Франција) кои сите заедно вкупно имаа 84 бодови. Инаку што да правиме ние до година ? Веќе ми се врти една идеја во глава. Како прво ќе го пуштиме Адријан Г. на кој што му е голема желба да пее на Евровизија. Битен елемент ке биде облеката. Ќе облечеме во она, како се викаше ....а да војничка униформа и ќе му дадеме една зоља на рамо и едно дваесетина мобилни, не бе мобилни, на кашикари мислев, ама исто е нели. Уште се појавува дечково на сцена испалува една зоља во вздух и почнува да пее. Лее ама спектакал може да замислам, публикава во салата полудува. На среде песна уште 5-6 мобил..., кашкари де, ги фрла во публика и урнебес настанува каква журка невидено нешто, публиката запалена до максимум. Само така можеме да победиме, сигурно ќе ги ипотепаме сите, без конкуренција уникатни ќе бидеме. Знам бе знам уникатен сум нели , ама треба да ти текне еее.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »