Никола Солев
Објавено: понеделник, 23 јануари 2006
Една од најдобрите технолошки вести што произлезе од CES оваа година е бета објавувањето на Google Video Store, видео дистрибутивен сервис кој нуди и платена содржина и бесплатна содржина, и која им овозможува на корисниците да прикачуваат свои видео клипови и да наплатуваат за нив. Новиот сервис го придвижува Google во нова насока, од пребарување на online содржина кон прибирање на содржината кај себе. Со други зборови, Google Video не пребарува видео содржина од Интернет мрежата, туку тој ја прибира кај себе. CBS, NBA и Sony BMG објавија партнерство со Google, давајќи му на Google ексклузивни права за CBS TV емисии, NBA кошаркарски наптревари и музички видео спотови од Sony BMG артистите. [url=video.google.com/]http://video.google.com/[/url]
Tweet |