речник контакт

Hoви две казни за странци за брзо возење по автопат

Двајцата државјани на Ребпулика Србија добиле условна затворска и парична казна, како и забрана за управување на моторно возило Б категорија една година, на територијата на Македонија

Петар Печков

Понеделникот на 19 октомври Основен суд Неготно со две нови пресуди, со казнен налог за странски државјани кои пребрзо возеле, двојно повеќе повеќе од дозволеното. 

На обвинетиот В.Ж. и обвинетета Н.З.  од Србија, за сторено кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а став 1 од Кривичниот законик им се изречени алтернативна мерка - условна осуда со утврдена казна затвор во траење од по три  месеци, која нема да се изврши доколку обвинетите  во рок  од една година по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Парична казна во висина од по илјадa евра во  денарска противвредност од 61.150,00 денари и забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од по една година на територијата на  Македонија, информираа од Основен суд Неготино. 

Н.З. (36 год) неделата попладне на делницата од автопатот Демир Капија -  Гевгелија го управувала возилото „мерцедес“ со српски регистарски таблички“ со брзина од 169 км/ч на место каде дозволена е 80 км/ч.  В.Ж. (57 год)  неделата вечер со автомобил марка „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија -  Гевгелија  со брзина од 175 км/ч на место каде е дозволена брзина од 100 км/ч. И двата случаи се регистрирани преку системот „бебзеден град’. И двете лица биле уапсени неделата вечер на 18 октомври,  од полицијата на граничен премин Табановце.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »