речник контакт

IQOS - алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

IQOS ILUMA е технолошки најнапредната генерација нов водечки производ во портфолиото на научно засновани производи без чад.Денес, повеќе од 28,6 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 73% целосно се откажале од пушењето

Петар Печков

Во центарот на работењето на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнал (ФМИ), при создавањето на својата иновативна тутунска алтернатива IQOS, стои токму науката.

Овие уреди, достапни на македонскиот пазар, претставуваат софистицирани уреди наменети за загревање на тутунот. Уредите за прв пат се појавија на пазарите во Италија и Јапонија, уште пред 10 години. Подоцна постепено се воведуваа на останатите пазари ширум светот.

По неколку серии од иновативниот систем за загревање на тутунот, Филип Морис Интернешнал продолжи да го шири портфолиото на производи без чад, со цел да понуди уште понапредни решенија, кои го следат развојот на технологијата и ги решаваат проблемите и потребите на возрасните пушачи. IQOS ILUMA е технолошки најнапредната генерација нов водечки производ во портфолиото на научно засновани производи без чад.

Најзначајната разлика е тоа што оваа нова генерација уреди користи технологија на индукциско загревање и не содржи сечило како уредите од претходните генерации.

За сите производи без чад, на компанијата Филип Морис, заедничко е тоа што не создаваат чад од тутун, туку аеросол кој содржи 95 отсто помалку штетни материи.

Благодарение на иновативната технологија, нема остатоци од тутун. Токму затоа се лесни за одржување и нема потреба од нивно чистење, што овозможува севкупно подобро и почисто корисничко искуство. Покрај тоа, нема согорување, нема пепел, нема катран, ниту тутунски чад.

На глобално ниво, производите без чад на ФМИ се продаваат на 84 пазари. Денес, повеќе од 28,6 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 73% целосно се откажале од пушењето. ФМИ има ангажирано повеќе од 1.180 научници, инженери, техничари и помошен персонал, секој од нив работи во различни, сложени области и има инвестирано над 12,5 милијарди американски долари во истражување, развој на производи и научна поткрепеност на производите без чад на компанијата. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: 

PMI Science | Philip Morris International. 

комерцијален текст

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »