речник контакт

IV Саем на книга во Велес

Две недели велешани ќе има каде да купуваат книги

Петар Печков

Повеќе од илјада наслови дванаесет македонски издавачи им понудија на велешани на четвриот Новогодишен саем на книгата. Тој се одржува во Градската локална библиотека Гоце Делчев и ќе трае две седмици.

- Овде велешани ќе можат да ја збогатат својата домашна книжевна колекција со нов наслов, нова мудрост. Ова е ретка и убава можност, бидејќи во градот немаме книжарница, да се подари на најблиските подарок кој е вечен. Големиот интерес кој владее за Саемот покажува дека тој му е потребен на Велес - изјави Елена Тевчева директорка на библиотеката која е организатор.
 \"\"

Меѓу учесници на Саемот се издавачите Детска радост,  Просветно Дело, Матица Македонска, Макавеј,  Култура, Магор, Феникс, Табернакул, кој нудат нивни дела лектири, бајки, енциклопедии, речници, белетристика, домашни автори, по цени пониски од 30 до 50 отсто од редовните.

\"\"

Како придружни манифетации на Саемот на книгата секој ден е предвидена промоција на едно дело, така во понеделникот се промовираше стихозбирката ,,Школки“ од Павлина Климкар Меанџиева, вторникот на ,,Каменоломот во мене“ од Васил Божикалиев, а денес (четврток) е најавена промоцијата на ,,Нишан“ од Блаже Миневски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »