речник контакт

JUB со донација за велешката Болница и ОУ Блаже Конески

JUB ја одбележува 50 годишнината од брендотJUPOL во текот на целата година со хуманитарна работа

Петар Печков

JUB, најстариот производител на ѕидни бои со 144-годишна традиција, ќе ја одбележи 50 годишнината од брендот JUPOL во текот на целата година со хуманитарна работа. Во сите држави каде што работи преку сопствени компании на многу начини ќе поддржува повеќе јавни установи и социјални семејства, а хуманитарните проекти ќе бидат тесно поврзани со бројот 50 (години) или 5 (децении). ЈУБ како општествено одговорна компанија така ќе покаже почит кон своите лојални клиенти, партнери и околината во која работи со децении, а пред се и висок степен на чувство кај социјално најранливите категории во различни региони. Во некои земји хуманитарните активности ќе бидат тесно поврзани со патувањето на кантата JUPOL, каде за два месеци ќе помине пат од 5.000 километри низ 10 држави.

По овој повод денес ЈЗУ Општа Болница Велес и ОУ Блаже Конески добија донација во  канти боја.  

Благодарност до овој начин на компанијата, која покажа општествена одговорност и со нив ќе офарбаме 2,4 илјади м2 простор . Очекувам дека овој чин ќе повлече и  други фирми да донираат во нашата здравствена институција - изјави д-р Божидар Бојаџиев директор на ЈЗУ Општа Болница Велес.

 Од името на учениците благодарам што ЈУ пол реши да донира боја  која е добредојдена за пролетното фарбање - кажа Јованче Манасков директор на ОУ Блаже Конески. 

2019 година во Словенија и на другите пазари ќе биде исполнета со прослави, бројни средби и хуманитарни настани. Кантата JUPOL со автомобил Nissan Navara ќе го започне своето патување на првиот ден на пролетта во Северна Македонија, и ќе продолжи во Косово до почетокот на Април, потоа во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Во Мај ќе пропатува бројни градови во Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка, а на почетокот на Јуни ќе го заврши својот пат во Словенија.

Во Северна Македонија со JUPOL боите JUB ќе поддржи 5 јавни институции, вклучувајќи детски градинки, училишта и болници, додека на Косово, вработените во JUB одлучија да пребојат 50 поголеми ѕидни површини во различни јавни институции. Во Црна Гора, JUPOL боите ќе бидат донирани во здравствени центри, училишта и институции за деца со посебни потреби,кај 8 детски градинки во осум градови,при што ќе изведат ликовен натпревар за најмладите. Во Србија ќе се спроведат две хуманитарни акции во соработка со Црвениот крст, со цел до крајот на годината од секоја продадена канта JUPOL да се соберат средства за летување на 50 деца од социјално загрозените семејства,кои ќе летуваат следната година во кампот Баошиќи во Бока Которска. JUB исто така ќе ги обезбеди неопходните материјали и за санација на 50 објекти во Белград, додека на 50 млади ќе им биде понудена обука во практични работилници каде што ќе ги користат JUB-овите материјали,а на највредните ќе им се понуди и вработување.

Во Босна и Херцеговина покрај патувањето на кантата JUPOL која ќе посети седум поголеми градови како и други делови во земјата, во соработка со локалните власти и трговците на градежни материјали, JUPOL бои ќе бидат донирани на 50 институции, како што се детски градинки, училишта и болници. Во Хрватска покрај JUPOL боите, 50 детски градинки ќе добијат и производи од другитебрендови од производната програма на ЈУБ. Во Унгарија, боите на JUPOL ќе бидат првенствено донирани кајпоголеми семејства со најмалку три малолетни деца, а вработените во JUB сите заедно ќе пребојат една јавна институцијатаму. Дури и во Чешката Република, целото внимание ќе се посвети на семејствата кои живеат на социјалните маргини, додека во Словачка, во соработка со една од хуманитарните организации таму ќе се донираат бои на семејствата, училиштата и детските градинки, при што еден од објектитеи самите ќе го пребојат.

Во Словенија, JUB со желба да расположи што е можно повеќе деца, се поврза соУнијата на младите пријатели Љубљана Мосте-Поље. Во рамките на проектот ,,Botrstvo,,и под нивна надзор, хуманитарните активности ќе започнат во месец Март. JUB со нивна помош ќе им даде на 50 социјално загрозени семејства бојаJUPOLза обновување на своите домови, а во Мај вработените во JUB ќе го пребојат одморалиштето Вила Сумица во Крањска Гора, каде што од цела Словенија се сместуваат деца од семејства на кои им е потребна помош, вклучени во проектот ,,Botrstvo,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »