Петар Печков
Објавено: среда, 04 ноември 2026
Владата на вчерашната редовна седница го именува велешанецот Јовица Андовски за директор на Агенцијата за храна и ветерина, соопштија од Социјалистичката партија.
До ова доаѓа откако досегашниот директор Оливер Миланов кој на директорската позиција беше од 4 јули 2024 година си поднел оставка. Андовски беше заменик- министер за здравство од јули 2024, се до 14 октомври, кога тој си поднесе оставка.
И двајцата се кадар на Социјалистичката партија на Македонија.
| Tweet |




