речник контакт

Kia Rio автомобил на годината во Македонија

Националниот избор за автомобил на годината во Македонија годинава се одржа по 17-ти пат

Петар Печков

 Во изборот на автомобилот на годината во Македонија учествуваат сите нови модели кои на македонскиот пазар се појавиле меѓу двата избора. Жирито во состав: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Томислав Биљарац, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Горан Антевски, согласно процедурите за изборот предвидени со правилникот за работа, го избра автомобилот на 2012 година во Македонија меѓу годинешните финалисти: Citroen C4, Audi Q3, Mercedes B, Hyundai Elantra, Kia Rio, Chevrolet Aveo, SsangYong Korando, Toyota Yaris и Suzuki Swift.

Критериумите според кои одлучуваше се: адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.

По деталните анализи и оценувања на деветте финалисти, националното жири за автомобил на 2012 година во Македонија го изгласа Kia Rio, додека признанието за SUV на годината во Македонија, кое се доделува за прв пат, му го додели на SsangYong Korando. Свечената манифестација на која на Kia Rio и SsangYong Korando ќе им бидат врачени титулата „Автомобилот на годината“, односно признанието за SUV на годината во Македонија, ќе се одржи на крајот од овој месец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »