речник контакт

Kрстот го фати Антонио Тасевски

Oчекува да го следи здравје, среќа, бериќет во новата година, а тоа им го посака и на сите православни верници.

Петар Печков

Во водите на Вардар во Велес најголема среќа да го фати  крстот во осветените води имаше 21-годишниот Антонио Тасевски од велешката приградска населба Превалец.

По чинот на осветување на водите на реката  Вардар со бројното свештенство од епархијата повардарска Владиката Агатнгел го фрли од Мало Мовче во водите на Вардар. Меѓу триесетината православни верници  кои годинава влегоа во ладните води на Вардар најмногу среќа имаше 21 годишниот Антонио Тасевски.Тој по вторпат се фрла во водите на Вардар за празникот Богојавление-Водици и по првпат имаше среќа да го фати.

Oчекува да го следи здравје, среќа, бериќет во новата година, а тоа им го посака и на сите православни верници.
Тој на подарок доби златно крвче од владиката Агатангел, пари од градоначалникот Петров, телевизор од ЈКП „Дервен“, чек за теничка стока од ЈВП Лисиче и други подароци од повеќе спонзори. Со благослав на епархијата повардарска и владиката Агатангел, Антонио Тасевски во наредните денови со  икона и светиот крст ќе ги посети домовите на православните верници во Велес и Велешко

Во водите на замрзнатата  река Бабуна под стариот Римски мост, по чинот на осветување на водата, најголема среќа  на празникот Богојавление –Водици да го фати крстот имаше младиот Раде Димовски од селото Богомила. Тој доби златно крвче подарок од Епархијата Повардарска.  Во населбата Градско пак исто така во реката Вардар крстот го фати 19 годишниот Даниел Илиќ кој и лани го фати крстот а за подарок доби ЛЦД телевизор од општинските  власти.

 фотографиите се на Драган Миладиновски

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »