речник контакт

Kупопродажба на велешкиот Офицерски дом

Постапката на купопродажба на велешкиот Офицерски дом е вратена на почеток, откако Основниот суд во Велес истата ја поништи.

Петар Печков

Постапката на купопродажба на велешкиот Офицерски дом е вратена на почеток, откако Основниот суд во Велес истата  ја поништи.

Постапувајќи по тужбата на Министерството за одбрана од 13 јули годинава, кога бил доставен предлог за нејзино повторување, судијата Јордан Лазаров го усвои предлогот, бидејќи констатирал дека рокот за плаќање на понудената сума од 244 илјади евра кој бил осум дена,   сопственикот Кољо Мечкаров не го испочитувал.

И покрај тоа на 26 мај минатата година судијата Благој Анѓушев му издал решение за сопственост потврдувајќи дека тој ги уплатил парите, само врз основа на извод од сметката на фирмата на Мечкаров на која ја имало потребната сума. Таквото решение не го обжалил тогашниот заменик правобранителот Никола Димовски, иако немало никаков доказ дека домот е платен.

Тоа подоцна  го утврдила и Владата па им наложила на Министерствата за одбрана и финансии да го поништат тендерот. Сепак со судското решение кое го добил, Мечкаров успеал да  извади имотен лист.

Сумата од 244 илјади евра, која требало да ја плати пред три години, сопственикот Кољо Мечкаров ја уплатил пред пет месеци, само еден ден откако државата од судот си го побарала имотот назад, констатирано е во сега завршената судска постапка. Пресудата не е конечна и странките во случајот имаат право на жалба.

Продажбата на Офицерскиот дом пред четири години крена многу прашина во Велес, а нејзината продажба Владата еднаш и ја поништи. Минатиот месец инспектори од одделот за организиран криминал при МВР недела дена престојуваа во Велес и ја испитуваа продажбата на Домот на АРМ. Инспекторите разговарале со сопственикот на објектот, Кољо Мечкаров, со судијата Благој Анѓушев, кој пресудил во корист на сегашниот сопственик и со сега разрешениот заменик-јавен правобранител, Никола Димовски, кој требало да ги штити државните интереси во таа постапка.

Неофицијалните информации од МВР велат дека се чекала судската разврска на случајот за да продолжат со натамошните активности.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »