Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 март 2022
Франшизата на La Familia се зголемува за уште еден член. Четвртата по ред специјализирана продавница на La Familia Liquor & Gift Shop се отвори во Кавадарци, во саботата, на 05 март. Продавницата е лоцирана во центарот на градот, на улицата Маршал Тито, број 8.
La Familia Liquor & Gift Shop претставува вистинско освежување со амбиентот, со внатрешниот дизајн и со понудата на внимателно селектирани стоки за широка потрошувачка за кавадарчани и за сите други намерници. Продавицата има тематски конципирано ентериерно уредување, надополнето со модерна опрема, како што се, на пример, типовите на гондоли, фрижидери, хјумидори за производи од тутун и слично.
Како што всушност е и концептот на франшизата, продавницата La Familia е поделена на сегменти, како што се: Пијалаци (безалкохолни, алкохолни, вина), Производи од тутун, Пакувани производи, Подароци, специјализирани секции за Свежо цвеќе, за Книги, за Snacks, за Кафе и слични други производи на стоки за широка потрошувачка.
Идејата зад La Familia Liquor & Gift Shop е и понатаму да се развива како франшиза. Продавницата на La Familia во Кавадарци е четврта по ред низ државата. “Брендот или франшизата ја нарековме едноставно – La Familia, со полна асоцијација кон семејството, топлината, посветеноста и грижата. Затоа што и во деловната политика се водиме од мотото дека ние сме една фамилија, едно семејство со нашите ценети потрошувачи, партнери и соработници”, велат одговорните во La Familia.
Првата продавница на La Familia Liquor & Gift Shop е отворена на 25 јули 2018 година, во Велес, втората е отворена две години подоцна во центарот на Скопје (во непосредна близина на Универзалната сала), додека третата продавница е отворена неодамна и е лоцирана во East Gate Mall во главниот град.
Од La Familia потенцираат дека генералната идеја е да отворат повеќе вакви специјализирани продавници во сите поголеми градови низ Македонија, во неколку инвестициски фази, а не изостануваат ни регионалните амбиции и перспективи за пошироко од Балканот.
La Familia Liquor & Gift Shop има богато портфолио од над 4.500 производи на одбрани брендови на стоки за широка потрошувачка.
ПР текст
Tweet |