Петар Печков
Објавено: петок, 17 септември 2010
Одделот за организиран криминал при МВР на РМ, за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицата З.С.(28), Д.М.(24) и У.М.(30), сите од Гостивар, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело "Трговија со малолетно лице"
Првопријавената се товари дека прифатила, засолнила и врбувала малолетничка од Велес и ја принудувала на давање на сексуални услуги во повеќе наврати во периодот од 09 до 16.09.2010 година со употреба на сила, сериозна закана и злоупотреба на состојбата на немоќ, а со цел стекнување на материјална корист.
Имено, на 09.09.2010 година поради лошата економска состојба на своето семејство, а заради пронаоѓање на работа, малолетното лице од Велес пристигнало во Гостивар, по што неуспевајќи да пронајде работа и сместување се упатило во станот на З.С. со којашто се познавала од порано.
По прифаќање на малолетната, З.С. во текот на наведениот временски период ја принудувала да има сексуални односи со повеќе клиенти, како и со пријавените Д.М. и У.М. во нејзиниот дом, а за услугата на клиентите им наплатила по 2.500 денари. Бидејќи, малолетната девојка пружала отпор, односно не се согласувала со намерата да биде предмет на сексуална злоупотреба, З.С. за да не биде вознемирена околината, односно соседите и ја затварала устата со леплива трака.
Се преземаат мерки и активности за утврдување на идентитетот на други лица на кои малолетната девојка била принудувана да дава сексуални услуги за одредена парична надокнада.
Заедно со доказниот материјал осомничените беа изведени пред надлежниот суд, а од страна на Истражен судија на пријавените лица им е одреден домашен притвор.
Tweet |