Петар Печков
Објавено: недела, 15 април 2007
На патронот на градот Велес, Источен петок Балаклија во манастирот Св. Димитрија се одржа молибен за праведно судење, посветен на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.
Од Повардарската епархија се задоволни колку верници присуствувале на овој чин.
- Од длабочината на нашите срца и души, го молевме Бога спасителот наш, кој е вечен судија на правдата, да ги вразуми судиите кои ќе ги судат ове наши браќа. Тие ја бранеа државата додека ние бевме во домовите, го бранеа името Македонија, ја бранеа земјата која е полеана со македонска крв и ја бранеа нашата чест - изјави Владиката Агатангел.
Тој вели дека забележал тага и солзи кај бројните присутни верници, но дека правдата и вистината ќе победат. Изминатата седмица молибен за Бошковски и Тарчулвоски одржал и во црквата Св.Кирил и Методиј во Гевгелија која била преполна со верници кои се молеле за доброто на двајцата хашки притвореници а денес ќе служи во соборниот храм во Скопје.

Tweet |