речник контакт

Oграбена аптека во Велес. Во Велес фатен еден од разбојниците на ТТК Банката во Прилеп

Одземени се пет илјади денари. Во Велес фатен Перица Стефановски е еден од двајцата разбојници кои ја ограбија експозитурата на ТТК Банка во Прилеп

Петар Печков

Во петокто попладне околу 18,45 часот, во Велес на ул. „Димитар Влахов“ во аптеката „Цитофарм“, непознат  сторител со закана со  нож  од  сопственичката  Н.Ѓ. (59) од Велес,  одзел околу 5.000 денари, по што се оддалечил од местото на настанот. Увид на лице место извршила  екипа од СВР-Велес и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Полицијата синоќа во Велес го открила и го привела 56 годишниот скопјaнец Перица Стефановски кој е еден од двајцата разбојници кои завчера ја ограбија експозитурата на ТТК Банка во Прилеп.Дел од украдените пари се најдени, а полицијата трага по другиот разбојник. Стефановски е разбојникот  на кого шалот му паднал од лицето додека го извршувале грабежот, а тоа го забележале камерите во банката.Тој е познат извршител на тешки кривични дела, кражби и е бегалец од затвор. Издржувал казна затвор во КПД Идризово, но за новогодишните празници бил пуштен и не се вратил во затворот

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »