Зоран Николов
Објавено: сабота, 28 јануари 2006
Легендарните \"Pink Floyd\", едни од најзначајните и највлијателните претставници на авангардната андерграудн сцена во текот на 70-те и 80-те години, во анкетата на британската дигитална радио станица \"Planet Rock\" се прогласени за најдобар рок бенд на сите времиња. „Pink Floyd“ шампионската титула ја освоија во анкетата во која учествувале 60.000 британски љубители на рок музиката. Вицешампиони се „Led Zeppelin“, трети „The Rolling Stones“, а потоа следат „The Who“, додека автсралиските хеви металци „AC/DC“ добија најмногу гласови од бендовите надвор од Англија освојувајќи го 5-тото место. До 10-тото место следат: „U2“, „Guns N’ Roses“, „Nirvana“, „Bon Jovi“ i „Jimi Hendrix“.
Tweet |