речник контакт

STOP AIDS - Rotaract Club

Ротаракт клубот од Велес продолжува со своите успешни проекти.

Зоран Николов

Ротаракт клубот од Велес продолжува со своите успешни проекти. Овојпат станува збор за хуманитарна акција по повод Светскиот ден на борба против сидата - 1. декември. Имено, во саботата, членовите на Ротаракт клубот поделија 500 брендирани кондоми со логото на клубот. Акцијата се реализираше во популарните кафулиња од нашиот град каде3што со секое купено кафе беше поделен по еден кондом. Од Ротаракт клубот велат дека се задоволни од текот на акцијата и прифаќањето на младите Велешани. Инаку, овој проект стана традиционален за членовите на клубот. Радува фактот што секоја година е с? поголем бројот на поделени кондоми. Средствата за овој проект беа обезбедени од членовите на клубот, а од таму ни најавуваат и уште неколку проекти кои треба да се реализираат наскоро.


Со  почит,
Ротаракт Клуб - Велес

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »