Петар Печков
Објавено: среда, 27 март 2013
За само една недела во Велес два големи концерти. Сабота вечер, 30-ти март во дискотеката Даун Тун концерт ќе одржи сараевскиот состав Црвена Јабука. Влезницата чини 200 денари.
Следниот петок пак на 5-ти април во салата Гемиџии концерт ќе одржи српската поп ѕвезда Саша Ковачевиќ. Цената и за него е 200 денари.
Ова е прво големо гостување на поп ѕвезди од поранешните Југословенски републики, по оној неуспешен концерт на српската мега пеачка ѕвездаЖељко Јоксимовиќ, во салата 25 мај, од пред пет години, кој заврши неуспешно. Беше откажан со кривични пријави за организаторите кои потоа не минаа на суд.
Tweet |