Никола Солев
Објавено: среда, 25 јануари 2006
Технолошките гиганти Google Inc., Lenovo Group Ltd. и Sun Microsystems Inc. финансираат непрофитен проект за борба против \"badware\", нов термин за сите несакани spyware-и и вируси кои корисниците не сакаат да бидат инсталирани на нивните компјутери. [url=www.stopbadware.org/]StopBadware.org[/url] денеска го лансираше својот веб сајт. Сајтот ќе состави листа на компании кои ги малтретираат компјутерите со pop-up, spyware и други штетни кодови и ќе им овозможи на корисниците на едно централно место да се информираат за овој растечки проблем.
Tweet |