речник контакт

Tаксистите или ред или протест

Се жалат на нелегалната конкуренција и зафатените такси стојалишта од други возила

Петар Печков

Легалните такси возачи од Велес  револтирани од состојбата со такси превозот се закануваат со протест, доколку до следната средба со надлежните не добијат услови за работа, со кои ќе може  нормално  да ја вршат дејноста.  Велат со години  реагираат,  лошо е  но ништо не се презема. 

 Имаме два сериозни проблеми, тоа се зафатеноста на такси стојалиштата од страна на други возачи и нелегална такси конкуренција.  Ова се барања со години, за да можеме да работиме на своите работни места. Ниту една такси станица не е слободна за нас па ние мораме да паркираме на други места и да создаваме проблеми во сообраќајот. Тоа се наши работни места и бараме да бидат слободни. Нелојална конкуренција од дивите таксисти ни го намалува прометот и нема средства за егзистенција. А мораме да одвоиме средства за да ги платиме трошоци и затоа бараме поддршка од тие што треба да не заштитат - рече Тони Јосифов претставник на Здружението на такси возачи од Велес.  За овие нивни проблеми денес побарале помош и од градоначалникот, општинскиот  сообраќаен инспектор и сообраќајната полиција. На прашањето кое го поставиле до нив не добиле одговор колку казни се изречени затоа што им се зафатени такси места од други возила, ниту колку диви таксисти се казнети за вршење на дејноста.

За кратко ќе бараме нова средба, по што  или државата ќе застане зад нас, бидејќи сме армија од вработени или ќе организираме протест. Овој проблем не е од вчера постојано го алармираме. Дваесет години сум таксист и не сум рекол ниту еднаш дека денес е подобро од вчера. Секогаш е иста приказна. Влегуваат во такси превоз и заминуваат оти не е арно. Не` казнуваат па затоа е и намален бројот нелегални таксисти во градот   -додаде Тони.  

На прашањето зошто не ги користат такси стојалиштата кои локалната власт ги одбележа а користат други места, тој посочи дека цртањето било на ,,нефункционални места, за кои тие не биле прашани дали им одговараат,,.   Во Велес според локалната власт моментално имало 120 такси возачи со лиценца а уште 10 биле во процедура за добивање а може да има  до 250 такси возачи. Таксистите посочуваат дека во Законот имало дури 15 одредби со кои тие се казнуваат а само една за нелегалните. Таа предвидува и одземање на такси возилото. Тврдат дека во судот таква пресуда немало досега.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »