Петар Печков
Објавено: среда, 30 септември 2026
Вторникот претпладне товарно возило удрило во жена на крстосницата од трите улици, Белградска, Киро Ќучук и Васил Главинов. Пешакот се здобил со тешки телесни пвореди. Деталите од информаците на велешакта полиција и болница.
„На 29 септември во СВР Велес е пријавено дека околу 10:45 часот на крстосница од улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес, товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С.(69 год) од Велес удрило во 65-годишната С.Н. од Велес“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општа болницаВелес.
„По извршените снимања и прегледи кај повредената пациентка, констатирана скршеница на десен рачен зглоб. Направена е имобилизација, дадена соодветна терапија и пуштена на домашно лекување“ – соошти д-р Анамарија Џунџева, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
| Tweet |




