Петар Печков
Објавено: сабота, 10 јуни 2017
Петар Маруш и Благој Ламјата денес, сабота на пладне го пуштија во етер новиот нивен спот, новата песна ,, Nostalgic Love,,.
И оваа како и првата ,,Flamenco de Macedonia,, се снимени во живо, од прва. Спотот е продукција на Тулип про, снимен на сцената на велешки театар.
Оваа инструментална нумера изведена од Благој на кларинет и Петар на гитар, внесува нова енергија во македонскиот музички простор.
Двајцата велешани под нумерата напишале: Драги пријатели ова е од срце само за вас! Ве сакаме! ♥
ТрМр им посакува успех и со оваа нумера, како што беше случај и со првата песна.
Tweet |