Никола Солев
Објавено: среда, 14 декември 2005
Yahoo воведе услуга за повици преку интернет со користење на нивниот софтвер за инстант пораки. Интернет компанијата објави дека услугата се тестира на меѓународните пазари од Вторник и ќе почне да се нуди во САД следната година. Компанијата е последна во соопштувањето на интернет услуга од овој тип бидејќи повеќе фирми веќе воведоа нови можности во нивните софтвери за интернет повици. Microsoft објави пробна верзија на интернет повици преку нивниот нов софтвер Windows Live Messenger. Yahoo објави дека нивната услуга е заснована на VoIP (Voice over IP) и им овозможува на компјутерските корисници да остваруваат повици кон фиксната и мобилната телефонија. Досега, корисниците на Yahoo Messenger можеа да повикуваат друг компјутер и затоа повиците беа бесплатни бидејќи не ја користеа телефонската мрежа. Со новата услуга, меѓународните повици кон САД ќе чинат околу 1c за минута и кон 30 други држави околу 2c за минута.
Tweet |