Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јули 2015
Велешанецот Тодорче Ѓоргиев деновиве ги искачи високите врвови на Италија и Словенија, но беше спречен да го искачи и највисокиот врв на Франција Мон Блан. Планинарот Ѓоргиев кој е член на ПД Чеплес беше дел од екипата на ПК Предејане од Србија со чии членови и во нивна организација се обиде да го искачи Мон Блан 4808 м.
Со цел искачување на Мон Блан, претходно како вовед на 15 и 16 јули, беше освоен врвот Гранд Парадизо 4061м, кој е во близина на Мон Блан. Тоа е врв од Италијанскиот дел на Алпите. Од таму се упативме кон Мон Блан. На 17 јули стигнавме до првиот дом Тетрус на висина од 3167м. Претходно се случила несреќа, кога на Кулоарот на смртта двајца француски планинари смртно настрадале. Поради ова беше спречено да се искачуваме кон вториот дом Дегуте на 3835м. Набргу стигна од официјална забрана од Француските власти за искачување кон врвот. Планинарите кои беа затечени во Дегуте беа симнати пониско со помош на хеликоптер - објаснува Тодорче.
Тој и останатите учесници во оваа експедиција, заради себе, но и изминатите километри, неспиењето, физичките подготовки, трошоците за искачување се одлучиле да го искачат вториот по височина планински масив во Италија -Доломитите. Го освоиле Мармолада 3344м. Но се чувствувале подготвени за уште некој предизвик, па во Словенија го освоиле Мал и Голем Триглав 2864м.
Иако не ни беше дозволено искачувањето на Мон Блан, сепак задоволен сум што ги освоивме двата највисоки планински венци во Италија Алпите со Гран Парадизо и Доломитите со Мармолада, како и највисокиот врв на Јулиските Алпи во Словенија Триглав. Значајно е што сите три врва се искачени по потешката патека, т.н. ферата. Останува планот Мон Блан да се освои следното лето, до година а претходно во јануари и Килиманџаро - вели Ѓоргиев.
Ова искачување било финансиски помогнато од Агро Линк, Општина Велес и градоначалникот на Струмица Зоран Заев.
Tweet |