Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јули 2011
Ѓоре Петровски, осомничен дека во 2005 година за 20.000 долари од САД го нарачал убиството на Лазо Милошески во селото Ореше, денеска беше испорачан во државава.
Испорачувањето е извршено по барање на нашето Министерство за правда поднесено на 3 февруари 2009 година. Обвинетиот Петровски од денеска се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“.
Случајот на Ѓоре Петровски е познат како нарачано убиство на сега покојниот Лазо Милошески ( 71 год)од село Ореше, Велешко, за кое се обвинети браќата Љупчо и Ордан Георгиевски. Тие во два наврати добија по 12 години затвор, но и во двата наврати пресудта им беше укината.
ТРМР претходно пишуваше дека барањето за екстрадиција на Ѓоре Петровски е отфрлено, но тој и натаму се наоѓаше во притвор 30 месеци, но имиграционен, откако американските власти при неговото апсење констатирале дека тој е во САД без регулиран престој.
Tweet |