Петар Печков
Објавено: вторник, 28 ноември 2017
Дипломираниот економист Ѓоре Стојанов е именуван за в.д директор на велешкото комунално ЈКП Дервен. Ова доаѓа откако досегашниот Фиданчо Цековски си поднеле оставка.
Стојанов беше генерален директор во најдобрите времиња на еден од најголемите агро комбинати во Македонија АК Лозар. Тој ќе ја врши оваа должност се до изборот на директор по пат на конкурс.
По доаѓањето на коалицијата на СДСМ на локално ниво сменети се директорите на ЈП Парк Спорт и на Детските градинки.
Tweet |