Петар Печков
Објавено: петок, 11 ноември 2022
Николче Ѓорѓиевски е победник на шаховскиот турнир, организиран за Денот на Општината 9 Ноември. Второто место го освои Трајче Недев а третото Менсур Бачевац.
На турнирот учествуваа 22 шахисти, од Велес. Нивната возраст беше од 9 годишниот Зафиров Марко, до 84 години Костадиновски Бошко. Турнирот се играше три дена, секој со секого.
Турнирот го организираше Градскиот шаховски клуб Велес, во соработка со Здружението на пензионери а под покровителство на Општина Велес со големо вложување на шаховскиот вљубеник Ристе Трајановски.
фото FB Ристе Трајановски
Tweet |