Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јуни 2020
Велешанецот Јордан Ѓошевски денес го доби автомобилот Passat GTE Hybrid, кој му е награда од обложувалниците MOZZART откако ја погоди најголема квота која ја организираше во период од 18 февруари до 27 април. Добитниот тикет кој му донесе автомобил е со погодени oсум натпревари и со неверојатна вкупна квота 66964,61. . Покрај автомобилот, уплатата од 20 денари му донесе и добивка од 1.5 милиони денари.
Неизмерно бев среќен кога ме известија дека сум добитник на главната награда од наградната игра на Mozzart. Искрено, заради целата ситуација со корона вирусот, затворањето на обложувалниците и со тоа – автоматскиот прекин на наградната игра, не бев сигурен што ќе се случи на крајот, дури и се откажав од помислата дека ќе го завршат натпреварувањето според планираното - рече Ѓошевски, сопственикот на новиот Passat Hybrid.
На прашањето како го одиграл тикетот, Јордан одговори дека тикетот му е напишан без многу размислување.
Не можев да поверувам кога видов дека тикетот е добитен. Интересно е што го пишав на брзина и без многу размислување, а повеќето од натпреварите беа „на тепка“ одбрани. Најчесто немам конкретен тип на игра, а обично на тикет типувам од 7 до 10 парови. Квота никогаш не бркам, но секогаш гледам уплатите да ми бидат со голем коефициент. Порано ги пратев натпреварите и пишував повеќе смислени тикети, а сега најчесто го пишувам тоа што ќе ми дојде во моментот и нормално, да биде со што поголема квота – кажа Јордан среќниот добитник на автомобилот Passat GTE Hybrid.
Tweet |