речник контакт

Ѕвонко Петрушевски со сто дарување, признание за најуспешен крводарител за лани во Велес

Пораката за годинава за 17 март Денот на Црвениот крст и Ден на крводарителите е „Секој може да биде херој, донирајте“

Петар Печков

Општинската организација го одбележа 17 март Денот на Црвениот крст и Ден на крводарителите. Овој ден е посветен на сите хумани луѓе кои со дарување крв спасуваат животи и даваат нова надеж. Пораката за годинава е „Секој може да биде херој,  донирајте“. 

„Овој ден е ден на хуманоста и човекољубие, кога се истакнува добрата страна на човекот. Општинската организација од Велес со години е меѓу најдобрите во земјава и една од малкуте кои го имаат натфрлено планот за 200 отсто. Јавно искажувам благодарност на сите крводарители од општините Велес, Градско и Чашка  Благодарност и до граѓаните кои лани за прв пат даруваа крв.  Честитки за крводарители кои лани имаа јубилејни дарувања 50, 75 и 100 пати“ -  кажа д-р Кевица Шопова Клифова претседател на ОО на Црвен крст Велес.

Годишниот план за 2025 година ОО на Црвен крст Велес кој изнесува 1.860 е натфрлен за 204 отсто  или во бројка 3.802  крвни единици. Дел од нив  се дарувани во Службата за трансфузиона медицина а друг дел во 28 организирани крводарителски акции.  Гестот на дарување крв за некого значи нов почеток, продолжување на животот. Крводарителството е е највисок облик на човечност и солидарност, крвта не може да се замени или произведе.  

Секоја единица крв може да спаси повеќе животи, на пациенти со тешки операции, на настрадани во сообраќајни несреќи, компликации при породувања и сериозни заболувања. 

За 100 дарувања на крв признание доби  Ѕвонко Петрушевски, за 75 Трајче Димовски и  Ангелче Петровски, за 50 дарувања Благица Давчевска, Славиша Јовиќ, Ивица Пренџов, Тони Трајчев, Сашо Петров, Трајче Шојлев, Миле Петровски, Љупче Станковски, Зоранчо Аскалиевски, Љупчо Стојанов и Бошко Петрушевски.  Признанија за развој и поддршка на крводарителството добија  ОУ „Лирија“ од Горно Јаболчиште и Извиднички одред „Димитар Влахов“.

Лани најуспешни крводарителски акции се на МК Носачи на крстот, при што на две крводарителски акции собрани се 383 крвни единици и трите крводарителски акции во населба Градско  каде биле дарувани 395 крвни единици. Најбројни со по 200 собрани крвни единици биле крводарителските акции за Денот на Општина Велес и Денот на Општина Градско.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »