lj lkjl
Објавено: недела, 23 април 2006
На договорена средба со mr.Neo се сретнавме у планет со цел да се чукаме со јајцата,кога Neo си ги заборавил јајцата... Му дадов од моите јајца едно, и се наместивме близу до серверот демек побрзи ќе бидеме така. Почнавме и јас прв ќе мавам,ај си викам да му пратам netbus , па со него прао у чело и готов е, кога он да ти уклучил firewall..., мавам ама не пука.... Втора фаза мава он ама ја незаштитен, од заштита само backup имав и ми го скрши на едната страна. Аааааааа си викам сеа ќе видиш ти, одма уклучуам wallhack за да видам од која страна ќе ми иде, од лево или од десно, и за да бидам 100% сигурен стаив и aimbot за да го плеснам право у центар. Замавнувам кога него му бил голем пингот и ми сецка со јајцето и го промашувам. Ај си викам сеа ќе ставам од patchot 1.2 за црвени јајца, па нека мава ако може. Замавнува Neo ама пред тоа ставил нов скин на јајцето и ме утепа..., а ја од мака си ги изедов јајцата... Ете така заврши нашиот славен deathmatch...
Tweet |