Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 август 2020
Со добра одлука, да не се испуштаат големите количества на вода од надојдените реки, кои се влеваат во езерото Лисиче, спречена е голема штета и поплавување во населбата Превалец. Ова го констатираше градоначалникот Аце Коцевски, на денешната прес конференција.
ЈВП Лисиче донело мудра одлука во саботата вечерта. Браната на ХС Лисиче да ги апсорбира надојдените води од реките Тополка, Врановска и Мелничка, кои вечерта имале голем дотек. Тој изнесувал 31 м3 во секунда за да околу полноќ изнесува 45 м3/ сек. Можеме да замислиме што ќе се случело, ако овие води не се акумулирале и биле оставени да истечат. Колкави ќе беа штетите од поплавниот бран во населбата Превалец тогаш - кажа градоначалникот Коцевски.
Во саботното невреме населбата Превалец беше под удар на надојдената поројница од Раштани,Бузалково и Гроот и од реката Тополка.
Tweet |